Земјоделците ќе добијат 100 милиони евра државна помош, Владата ја усвои програмата за финансиска поддршка

(Oвој напис е објавен на: January 25, 2018)

vlada

Владата ја усвои Програмата за финансиска поддршка на земјоделците, во која се  предвидени 6 милиони денари, односно 100 милиони евра за субвенции. Државната помош ќе се исплаќа за две буџетски години, за 2017 та и до крајот на јуни оваа година, кога истекува законскиот рок.
Одобрена е и програмата за рурален развој, за која се обезбедени  2 милиони денари, или 32,5 милиони евра,   како и методологијата за проценка на пазарната вредноста на земјоделското земјиште во државна сопственост под оранжерии и објекти кои се во функција на земјоделското производство , како и информации за давање под закуп земјоделски земјиште во државан сопственост под и над 3 хектари.