fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Николовски од Росоман: Околу 550 илјади евра ќе се исплатат на земјоделците од Росоман за штетите од елементарните непогоди во 2021 година

Ново!!!Николовски, во присусутво на градоначалникот на Општина Росоман, Стојан Николов, оствари средба со земјоделци производители на праски од овој регион.

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во присусутво на градоначалникот на Општина Росоман, Стојан Николов, оствари средба со земјоделци производители на праски од овој регион.

Росоман е една од петте општини каде што земјоделците претрпеа штети од временски непогоди минатата година, а кои имаа доставенo комплетна документација. На денешната средба, која се одржа на отворено, на поле, министерот Николовски лично им соопшти на присутните земјоделци дека сите што имале штети врз земјоделското производство поради временските непогоди минатата година, ќе бидат обештетени.

„Во време на светска криза, во време на затворени пазари целото Министерство е мобилизирано се повеќе пари да стигнат кај земјоделците, фармерите, производителите. Се повеќе мерки и политики да бидат воведени, но секако и да бараме алтернативни пазари во оваа состојба на војна во Европа. Затоа оваа одлука за плаќање на обештетувањето беше врвен приоритет на Министерството и на Владата и затоа 729 баратели – земјоделски производители од Росоман кои имаат штети од измрзнувањето во 2021 година, ќе добијат обештетување од околу 33 милиони денари односно 550 илјади евра“ изјави Николовски.

Владата на една од претходните седници, ја усвои информацијата за обешетување на земјоделците кои претпрпеа загуби од временските непогоди. Според елаборатот доставен од општинската комисија за проценка на штети, ниските температури нанеле штети на овошните насади кои беа во фаза на цветање и формирање на плод. Обешететувањето ќе биде во висина во 10 отсто од вкупно проценетата штета.

Освен Росоман, со одлуката на Владата ќе бидат обештетни и Карбинци, Богданци, Демир Капија и Ранковце.

Николовски од Росоман, посочи дека на денешната средба со земјоделците разговарано е и за алтернативни пазари за извоз на праски со оглед на воениот конфликт помеѓу Русија и Украина. Исто така, министерот информираше и за мерките од новата програма за интервентниот фонд и за новиот модел на авансно субвенционирање кој за прв пат старува од оваа година и тоа токму со овоштарите.

Николовски посочи дека Министерството за Финансии веќе работи на потребните документи за да се спроведе исплатата на средствата до граѓаните на Росоман, преку општината. Владата го задолжи Министерството за финансии да ја префрли вкупната сума за обештетување до општината Росоман, и во најбрз рок од општината да им ги исплатат парите за обештетување согласно доставените пријави.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close