fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Една од европските земји ќе се соочи со рекордни загуби

Климатските непогоди зададоа голема штета на шпанското земјоделство, која најверојатно ќе достигне рекордно ниво во текот на годината. 

Шпанското земјоделство e на прагот на рекордни загуби. Информацијата денеска ја соопшти портпаролката на шпанската Влада Изабел Родригез.

„Во периодот од јануари до октомври, штетата изнесува 684 милиони евра“, изјави портпаролката Родригез.

Климатските непогоди зададоа голема штета на шпанското земјоделство, која најверојатно ќе достигне рекордно ниво во текот на годината.

На брегот на Медитеранот во последните недели имаше поплави и конечниот износ на штетите во 2022 година најверојатно ќе ја надмине минатогодишната сума од над 720 милиони евра.  Напролет овошните насади ги уништи мраз, а во летниот период посевите беа оштетени од суша.

Лани Италија и Франција се соочи со големи суши. Сето тоа влијае на цената на храната.  Во Европа и онака има инфлација.

 

foto freepik.com/jcomp

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close