fbpx
Вести

Едукација за земјоделците за опасност од пожари

Секторот за внатрешни работи-Штип, претставници на Шумската полција, пожарникари и вработени во ЈП „Македонски шуми” беа заеднички на терен во селата во Лакавичкиот регион, со цел да ги едуцираат земјоделците да не ги палат стрништата по жетвените активности, кои можат да предизвикат шумски пожар.

 

edukacija za zemjodelcite za opasnost od pozhari

Началникот на Секторот за превенција во СВР-Штип Ангелчо Стојановски вели дека мешаната патрола посетила неколку села, а на земјоделците и сточарите им било укажано да не палат оган на отворено, бидејќи казните се високи и можат да предизвикат пожари во големи размери.

-Целта на оваа патрола е да го посетиме лакавичкиот терен, каде правиме преглед се со цел да видиме дали земјоделците кои вршат жетва дали стрништата ги палат и да ги предупредиме да не го прават тоа, бидејќи со самото палење на стрништата можат да предизвикат шумски пожар, а казните се и доста високи, вели Стојановски.

Тој додава дека во штипското село Суво Грло мешаната патрола ги едуцирала и сточарите со цел да не ги палат пасишатата, кои исто така можат да предизвикаат шумски пожари.

– Со сточарите разговараме и ги едуцираме да не ги палат пасиштата, каде што сега тревата е во фаза на сушење и истите имаат навика да ги палат се со цел да излезе нова зелена трева. Затоа и ги предупредуваме тоа да не го чинат тоа, бидејќи можат да предизвикат шумски пожар, вели Стојановски.

Надлежните од ЈП Македонски шуми „Серта”- Штип велат дека забраната за движење по шумите ќе трае до 15. август, а секој кој ќе сака да се движи по нив може да земе дозвола во канцеларијата секој ден од 7 до 15 часот. Апелираат граѓаните да внимаваат како се движат низ шуми, со цел да не се предизвикува пожар, со што ќе се нанесат огромни штети.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close