fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

МЗШВ-Со континуирана поддршка имаме производство на грозје од 270 илјади тони на годишно ниво и вино од 100 милиони литри

Откупната цена на смедеревката ќе биде 13 денари, на вранецот 15

Годинашната откупна цена на смедеревката ќе биде 13 денари, а за вранецот 15 денари, односно три денари повеќе споредбено со ланските цени за откуп на грозјето, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Како што информираат од Министерството постигнато е зголемување од 30 проценти на откупната цена.

-Светската криза предизвикана од војната во Украина предизвика сериозно зголемување на трошоците и на лозарите, но и на винариите и токму затоа како министерство преку подсекторската група за грозје и вино сме во постојана комуникација со лозарите и винариите и заеднички ги креираме мерките за поддршка на овој сектор. За нас како министерство, но и за државата од стратешка важност е винскиот сектор чиј извоз позитивно влијае и во јакнење на домашната економија, велат од МЗШВ.

Посочуваат дека финасиската поддршка за лозарството која МЗШВ ја обезбедува преку мерката за одржување на постоечки површини со лозови насади изнесува 40.000 денари по хектар, односно 48.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 1 ха до максимум 10 ха.

-Лозарите добиваат поддршка и во субвенционирање за зелена нафта која достигна и до 100 проценти, а во услови на криза поддршка е обезбедена и преку интерветните мерки. Не ги оставивме сами лозарите и во услови на КОВИД кризата, кога за 2020 и 2021 година преку повеќе мерки во изност од 649 милиони денари ги помогнавме лозарите. Поддршка обезбедивме и за винариите во вредност од 67,6 милиони денари преку мерки со кои го помогнавме транспортот при извозот на вино. Успеавме последниве 10 години да го стабилизираме домашното производство на грозје со просечно производство од околу 270 илјади тони на годишно ниво. Додека просечното годишно производство на вино е околу 100 милиони литри, се наведува во соопштението.

Додаваат дека веќе трета година по ред и континуиран раст на извозот на вино како во количина така и во вредност.

-Раст бележи и бројот на винарски визби, кој заклучно со август 2022 година е 139, со вкупен капацитет од околу 200 милиони литри. Сега вкупниот капацитет за преработка на грозје во вино е речиси два пати поголем од годишното производство на вино. Преку олеснувањето на условите за упис во Регистарот на производители на вина, бележиме раст и кај малите/семејни винарии и физички лица со вкупно 71 винарија со капацитет до 50.000 литри. За малите семејни винарии овозможиме и финасиска поддршка до 10.000 евра за набаква на опрема за производство мерка која предизвика сериозен интерес, соопштуваат од Министерството.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close