fbpx
Вести

Економисти со одличен земјоделски бизнис

Браќата Зоран и Борис Гвозденовиќ купиле земјиште, засадиле боровница и родот го продале во Холандија по цена од 5.45 евра по кг.

Почнале да се занимаваат со земјоделство, иако немале допирни точки.

Купиле  имот меѓу Топола и Крагуевац каде ја засадиле боровницата.

„Решивме да засадиме боровница, која овде ретко се одгледува. Направивме овоштарник по систем на хидропонија. Тоа е садење во пластични вреќи на нива. Земјоделството се менува, и мора постојано да се учи“ – велат тие.

За хектар боровница вкупно мора да се вложат 60.000 евра.

За да има заработка мора да поминат две до три години.

По садница првата година се берат 800 грама боровница.

Објаснуваат дека може да се извезе само зрела боровница, а во Шумадија има добри услови за оваа култура.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close