Есенска заштита на озимни житарици од широколисни и теснолисни плевели со примена на почвени хербициди и заштита од штетни инсекти
Совети-Подготвил: м-р Васко Манев
Плевелните растенија претставуваат најголем проблем во производството на пченица, јачмен, ‘рж, овес и тритикале. Кај овие култури сузбивањето на плевелите може да биде со примена на почвени хербициди кои се применуваат после сеидба пред никнење на културата и плевелите или веднаш после никнење на културата, и фолијарни хербициди кои се применуваат после никнење на културата и плевелите и се применуваат на пролет. Во текот на есенскиот период, за сузбивање на теснолисни и широколисни плевели препорачуваме примена на еден од хербицидите STOMP AQUA (pendimethalin 455 g/L) или ROXY 800 EC (prosulfocarb 800 g/L), или комбинација помеѓу овие два хербицида.
STOMP AQUA ® (pendimethalin 455 g/L) e селективен контактен и почвен хербицид за сузбивање на едногодишни класести плевели и намалување на заплевеленоста на некои едногодишни широколисни плевели, кај пченица, јачмен, ‘рж, сончоглед, пченка, соја, компир, кромид од арпаџик, кромид од директна сеидба, лук, домат, модар парлиџан, пиперка, зелка, винова лоза, овоштарници и тутун. Ефикасно ги сузбива следните плевели: Poa annua – едногодишна ливадарка, Poa trivialis – обична ливадарка, Setaria glauca – сив мухар, Setaria verticilata -прстенест муар, Setaria viridis – зелен муар, Digitaria sanguinalis – крваво прстесто просо, Echinochloa crus-galli – oбично влакнесто просо, а од широколисните плевели Аnagalis arvensis – полско огнивче, Chenopodium hybridum – дива лобода хибридна, Matricaria perforatа, Papaver rhoeas – нивска булка, Portulaca oleracea – обична тучница, Thlaspi arvense – полска попова лажичка, Amaranthus albus – бел штир, Amaranthus blitum, Amranthus retroflexus – обичен штир, Capsella bursa-pastoris – обична овчарска торбичка, Chenopodium album – бела дива лобода, Lamium amplexicaule – мртва коприва, Lamium purpureum – црвена мртва коприва, Polygonum aviculare – птичја подворка, Polygonum lapatifolium – голема подворка, Ranunculus arvensis – полско лутиче, Veronica hederifolia – бршленесто велигденче, Stellaria media – обична ѕвезденка. Во пченица, јачмен и ‘рж се применува после сеидба пред никнење на културата и плевелите во доза од 3 до 4 L/ha.
ROXY 800 EC ја содржи новата активна материја prosulfocarb 800 g/L. ROXY 800 EC ефикасно сузбива класести и широколисни плевели во компир, озимни пченица, јачмен, ‘рж и тритикале, како и тревни смески поникнати од семе (рајграс, црвен виук и едногодишна ливадарка). Активната материја се усвојува преку површинската лисна маса на плевелите и преку коренот. Ефикасно ги сузбива следните плевели: Полска лисичкина опашка (Alopecurus myosoroides), Полска темјанушка (Viola arvensis), Обична ѕвездарка (Stellaria media), Обичен еноец (Galium aparine), Едногодишна ливадарка (Poa annua), Овчарска торбичка (Capsella bursa-pastoris), Права камилица (Matricaria chamomilla), Црвена мртва коприва (Lamium purpureum), Нивска булка (Papaver rhoeas), Обична ветрушка (Apera spica-venti), Рајграс (Lolium sp.) и други. Roxy 800 EC може да се примени по сеидба пред никнење па сè до фаза на 3 развиени листови на културата. Оптимален период на примена е веднаш по никнење на културата. Се применува во доза од 2,5 до 3 L/ha.
Заради проширување на спектарот на делување овие два хербицида може да се комбинираат и тоа : STOMP AQUA 2 L/ha + ROXY 800 EC 2 L/ha.
Црниот житарец (Zabrus tenebrioides) е еден од економски најзначајните штетници на житните култури. Има 1 генерација годишно, а најголемите штети ги прават ларвите со својата исхрана. Јајцата ги полага од август до октомври, а ларвите се испилуваат од крај на август до ноември. Затоа, за заштита од овој штетник е неопходна примена на инсектициди кои добро делуваат на ларвите, а нивната примена треба да биде при појавата на ларвите во текот на есента и зимата. За сузбивање на овој штетник го препорачуваме инсектицидот CYTRHRIN MAX (cypermethrin 500 g/L) во доза од 0,2 L/ha.
Подготвил: м-р Васко Манев