fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

ЕУ очекува значително помал род на пченка и сончоглед во Украина

Приносот на пченка во Украина годинава ќе биде помал за една четвртина, а значително ќе се намали и родот на сончогледот, објави Агенцијата на Европската унија за следење на земјоделските ресурси.

Приносот на пченка ќе изнесува 32 милиони тони и ќе биде за 24 отсто помалку од минатата година и пет отсто помалку од петгодишниот просек, објави МАРС.

Сончогледот ќе се намали за 15 отсто, на 13,9 милиони тони. Во однос на петгодишниот просек ќе биде помал за два отсто. Украина е еден од најголемите извозници на сончоглед во светот.

„Поради руската војна против Украина, површините под пченка и сончоглед се намалени. Затоа нашите прогнози за производството на двете култури се под петгодишниот просек и покрај добрите изгледи за принос“, истакнуваат од МАРС.

Околу четири проценти од површините под пченка, десет проценти од површината со сончоглед и седум проценти од производството на соја се наоѓаат во области погодени од војната, додаваат тие.

Заврши жетвата на зимските култури, потсетуваат оттаму и додаваат дека уделот на производството на мека пченица во подрачјата погодени од војната е 22 отсто, на јачменот 20 отсто, а на репка 13 отсто.

Аналитичарите се обидуваат да пресметаат колку жито Украина, еден од најголемите светски добавувачи, ќе жнее и извезува оваа година додека војната против Русија продолжува.

Европската агенција составува проценки врз основа на податоците од украинското Министерство за земјоделство, со исклучок на оние во воените зони Доњецк, Керсон, Луганск и Запорожје, кои се базираат на податоци од претходните години, се наведува во соопштението за печат.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close