вести

Николовски: Започнува исплатата на надоместокот за штетите од болеста „јазлеста кожа“

“Почитувани земјоделци – сточари, Ве информирам дека започнува исплатата на надоместокот за штетите кои ги претрпеа сточарите од угинатиот добиток од болеста „јазлеста кожа“, за што се донесе и одлука на седница на Влада.

Станува збор за 242 барања од сточари, чиј што добиток угинал како последица на оваа болест. Претходно исплатата беше закочена, но најдовме решение и се обезбедени финансиски средства.

Обештетувањето ќе биде 100 проценти од проценетата вредност на угинатото животно.” – информираше министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close