fbpx
Вести

ЕУ секој ден губи 275 хектари земјоделско земјиште?!

 

На европско ниво, Заедничката земјоделска политика воспоставила различни инструменти за промоција на одржливо користење на земјиштето, со цел намалување на оваа загрижувачка статистика, а поради фактот што квалитетното земјиште е од витална важност за иднината на храната, земјоделците имаат улога на „чувари на земјиштето“.

Се проценува дека во Европската унија, секој ден се „уништуваат“ 275 хектари земјоделско земјиште! Голем дел од светското земјиште е на задоволително, лошо или исклучително лошо ниво. Квалитетното земјиште е важно за земјоделците и системот на производство на храна, па како такво е од витална важност за иднината на храната и земјоделството.

Земјиштето е систем на поддршка на хранливите материи, биолошката разновидност, водата и органските материи, кои пак се неопходни за производство на храна. Тоа ги прави земјоделците „чувари на земјиштето“. Тие зависат од тоа, а имаат моќ да го заштитат и да го користат на одржлив начин. Всушност, поради тоа, Европската унија со низа мерки и проекти, настојува да ги намали или барем да ги ублажи негативните последици кои се оставаат на земјиштето.

Одржливост и земјиште

Одржливото управување со природните ресурси е основа во земјоделството, посебно во услови кога земјоделците се борат против климатските промени, зачувувањето на биолошката разновидност и зачувување на животната средина. Водата и земјата се примарни ресурси, кои се користат во земјоделството и тесно се поврзани, со оглед на тоа што квалитетот и количината на вода кои се користат во земјоделството влијаат на земјиштето. Поради тоа, потребен е заокружен пристап.

На европско ниво, Заедничката земјоделска политика воспоставила различни инструменти за промоција на одржливото користење на земјиштето. Тука се вбројуваат и зелените плаќања кои сочинуваат 30% од директните плаќања, а од земјоделците бараат диверзификација на посевите, постојано одржување на тревниците и посветување на 5% од обработливото земјиште на „еколошки фокусирани подрачја“. Овие активности придонесуваат за зголемување на отпорноста, зачувување на земјиштето и заштита на биолошката разновидност.

Мерките имаат позитивен ефект

Заштитата на земјиштето, исто така е во програмата за рурален развој, финансирана од страна на Европскиот земјоделски фонд за рурален развој со кој управуваат самите држави членки. Промоцијата на ефикасноста на ресурсите и обновата, го зачувуваат и унапредуваат екосистемот во врска со земјоделството и претставуваат два од шестте клучни приоритети во областа за руралниот развој, а земјиштето е видливо значаен дел од тоа.

Овие мерки го докажале својот позитивен ефект. Неодамнешниот труд, претставен од страна на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија, заклучува дека помеѓу 2000 и 2010 година, стапката на ерозија на земјиштето во целина се намалила за 9% и за 20% во обработливите површини.

Додатни вложувања и истражувања на земјиштето

Во состав на новата програма Хоризон 2020 за програмскиот период 2018 – 2020, ќе се вложат уште 100 милиони евра во истражувања кои се однесуваат на земјиштето.

И Европското земјоделско иновациско партнерство (EIP – AGRI), работи на зачувување на земјиштето. Неколку фокус групи кои ги предлагаат насоките за идните проекти, директно или индиректно работат на почвата. На пример, една од тие групи ја напишала брошурата „за прашањата на органските материи во земјиштето“.

Сегашната Заедничка земјоделска политика, нуди различни инструменти за поттикнување на одржливоста, решавање на климатските промени и зачувување на животната средина. Заштитата на животната средина, делувањето на климатските промени и зачувувањето на околината и биолошката разновидност, се три од деветте клучни приоритети на иднaта заедничка земјоделска политика, што исто така, неодамна е истакнато во соопштението за иднината на храната и земјоделството.

 

Зелена берза

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close