Еве зошто е добро да се јаде млад кромид, особено зелениот дел
Кромидот ги смирува овие 5 здравствени проблеми како на шега!
Пристигнува сезоната на младиот кромид, кој многумина го сакаат поради вкусот, а не ни знаат дека е вистинска ризница на минерали и витамини, како и дека е одличен за заштита на здравјето на целиот организам. Особено добар за здравјето е зелениот дел од овој моќен зеленчук.
Ова се петте причини зошто е добро редовно да јадете млад кромид…
Го штити срцето
Младиот кромид е богат со антиоксиданси кои ги штитат клетките во телото од оштетувања предизвикано од дејството на слободните радикали. Покрај тоа, постојат индикации дека младиот кромид може да го регулира нивото на крвниот притисок, но и да го намали ризикот од појава на крвни згрутчувања.
Добар е за видот
Штити од воспаленија и го намалува ризикот од болести на рожницата. Содржи витамин А, кој е важен за производството на протеини во очите, кои се заслужни за добар вид. На луѓето на кои им недостига овој витамин може да страдаат од ноќно слепило и други нарушувања. Еден кромид содржи околу 3 отсто од дневните потреби за витамин А.
Ги зајакнува коските
Витамините Ц и К со кои изобилува младиот кромид се добри за заштита на коските. Само еден кромид содржи околу 20 отсто од препорачаната доза на витамин К и околу 2 отсто на витамин Ц. И двата витамина се важни за густината и цврстината на коските. Недостигот од овие витамини ја зголемува шансата за развој на остеопороза и скршеници.
Може да ги регулира холестеролот и шеќерот во крвта
Во овој случај, зелениот дел на кромидот е многу моќен. Со истражувања е утврдено дека поволно дејствува на нивото на холестерол и шеќер во крвта.
Го подобрува квалитетот на кожата
Младиот кромид му помага на телото во производството на колаген, кој е важен за убава, здрава и затегната кожа. Колагенот е заслужен за забавување на појавата на брчки на лицето и се содржи во многу кремови. Ако сакате младешки изглед, младиот кромид треба редовно да биде присутен на вашата трпеза.https://www.ubavinaizdravje.mk/zdravje/ishrana-i-dieti/eve-zoshto-e-dobro-da-se-jade-mlad-kromid-osobeno-zeleniot-del-gi-smiruva-ovie-5-zdravstveni-problemi-kako-na-shega/