fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Како државниот Тутунски комбинат „нанижа“ профит од 2,7 милиони евра?-објави Фактор.мк-

Од финансиски приходи од своите вложувања, веројатно од фирма – ќерка, прилепскиот Тутунски комбинат оствари принос во вредност од 4 милиони евра и тие беа доволни да ја покријат загубата од 1,8 милиони евра од оперативното работење. И на крај што би рекле прилепчани „да остане фазла“ и профит од 2,7 милиони евра

Од финансиски приходи од своите вложувања, веројатно од фирма – ќерка, прилепскиот Тутунски комбинат оствари принос во вредност од 4 милиони евра и тие беа доволни да ја покријат загубата од 1,8 милиони евра од оперативното работење. И на крај што би рекле прилепчани „да остане фазла“ и профит од 2,7 милиони евра, објави https://faktor.mk/

Најголемиот тутунски комбинат во земјава и единствен државно поседуван годинава ја заврши со добивка од 2,7 милиони евра. Станува збор за државниот Тутунски комбинат Прилеп кој беше прва од сите откупувачи која ја зголеми цената на суровиот тутун за 15 отсто.

Официјалните податоци на компанијата покажуваат дека не заработиле од производството и продажба на тутун туку биле во загуба од 1,8 милиони евра на крајот на 2023 година. Но затоа пак благодарение на финансиските приходи од 5 милиони евра оваа компанија успеала да прокнижи нето добивка од 2,7 милиони евра.

Минатата година прилепскиот Тутунски комбинат од продажба на тутун инкасирал 13,45 милиони евра и тоа е резултат на ниво на претходната 2022 година. Во структурата на остварената продажба извозот учествува со 9,32 милиони евра и тој резултат е за само 3 отсто подобар од претходната година. На домашниот пазар компанијата пласирала стоки во вредност од 4,12 милиони евра што е за 3 отсто послаб резултат од претходната година.

Оперативните трошоци на компанијата изнесуваат 15,49 милиони евра и тие се зголемени за 5 отсто. Најголем релативен раст во структурата има кај трошоците за вработените. Тие се зголемени за 22 отсто и на крајот на минатата година изнесувале 3,55 милиони евра.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close