ФАО: Глобалните цени на храната „значително се намалија“ во јули, но сепак се повисоки од лани
Глобалните цени на храната „значително се намалија“ минатиот месец, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), сепак предупредувајќи на постојаните несигурности околу идното производство
Глобалните цени на храната „значително се намалија“ минатиот месец, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), сепак предупредувајќи на постојаните несигурности околу идното производство, јавува Евроњуз.
Индексот на цените на храната на ФАО, кој ја мери месечната промена на меѓународните цени на кошницата со прехранбени производи, во јули изнесуваше во просек 140.9 поени, што е за 8.6% помалку од јуни.
Ова беше најсилниот месечен пад на вредноста на индексот од октомври 2008 година, како и четврти последователен пад од месец во месец.
Индексот сепак остана за 13.1% повисок од јули минатата година.
„Падот на цените на прехранбените производи од многу високи нивоа е добредојден, особено кога се гледа од точка на пристап до храна“, рече главниот економист на ФАО, Максимо Тореро.
„Сепак, остануваат многу несигурности, вклучително и високите цена на ѓубривата што можат да влијаат на идните производствени изгледи и егзистенцијата на земјоделците, мрачните глобални економски изгледи и движењата на валутите, а сите претставуваат сериозни оптоварувања за глобалната безбедност на храната“, додаде тој.
Индексот на цените на растително масло на ФАО забележа најголем пад, опаѓајќи за 19.2% во јули во однос на јуни и го достигна најниското ниво во последните 10 месеци.
Во меѓувреме, индексот на цените на житарките се намали за 11.5% во однос на јуни, но остана за 16.6% над нивото од јули 2021 година.https://inovativnost.mk/