fbpx
Агро бизнисВестиВкусот на традицијатаДвор и градинаМеханизацијаСоветиТоп вести

Супер здрава зимница – Кисел кромид

Ја јадете оваа намирница секој ден и не сте знаеле дека можете да ја закиселите

Кога подготвуваме зеленчук за туршија, никогаш не помислуваме на храна која секојдневно се користи во кујната на нашите простори, а има бројни здравствени придобивки.

Во овој период од годината најчесто се подготвува туршија во која ќе уживаме во наредните месеци, а најчесто на нашите простори во оставата се пакуваат кисела зелка, краставици и карфиол, а потоа пиперките, црвените и зелените домати…

Сепак, зошто да не пробате нешто поразлично оваа година?

Сепак, зошто да не пробате нешто поразлично оваа година?

Кисел кромид

Киселиот кромид е многу популарен во светот, а тоа не е случајно – тој е богат со хранливи материи кои се неопходни за нормално и непречено функционирање на организмот, а освен тоа, на цревата им обезбедува скапоцени „добри“ бактерии, кои се корисни за здравјето на цревата.

Кромидот содржи многу корисни витамини, минерали и влакна, а најзастапени во својот состав се витамин Ц, потоа витамини од Б комплексот, меѓу кои најважни се Б9 и Б6, потоа калиум, а исто така има, како и со другите видови кромид, флавоноидот кверцетин, кој се покажа дека го намалува ризикот од срцеви заболувања.

Дополнително, веројатно нема поевтин зеленчук во нашите продавници и маркети, па на овој начин да ја збогатите вашата есенска и зимска трпеза е и економичен.

Едноставен рецепт за кисел кромид

Постојат многу начини да се подготви киселиот кромид, а ова е наједноставниот.

Состојки:

1 кг кромид (главите треба да бидат што помали)
300 мл вода
200 мл оцет
2 супени лажици сол
2 лажици шеќер
ловоров лист, сол и бибер по вкус

Подготовка

Истурете вода и оцет во тенџере, а потоа додадете сол и шеќер и оставете да зоврие. Се трга на страна да се излади.
Потоа исчистете го кромидот и наредете ги главите во измиени, па во добро стерилизирани тегли.
Посипете ги со бибер и ловорови листови, па прелијте со изладената течност.
Притиснете со пластична мрежа и цврсто затворете ги теглите.

Оставете на темно, ладно и суво место.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close