fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Филипче на средба со лозарите – Ланската 2024 е прва година кога немаше субвенции за килограм предадено винско грозје

Ги укинаа субвенциите за килограм предадено винско грозје, повеќе не постои поддршка од 60.000 денари по хектар за квалитетно грозје, а програмите за мали семејни винарии се целосно стопирани

За една година ВМРО ДПМНЕ покажа тотална безидејност и незаинтересираност за развој на стратешките земјоделски гранки, објави Венко Филипче лидерот на СДСМ .
-Со лозарите од кавадаречко разговаравме за состојбата во лозарството и отуството на развојни мерки за оваа важна извозна гранка.
ВМРО-ДПМНЕ ги понижи и осиромаши сите земјоделци, вклучително и лозарите. За лозарството и винарството, не само што не се донесоа развојни мерки, туку ги скратија и посточеките добри мерки донесени од Владата на СДСМ.
Ги укинаа субвенциите за килограм предадено винско грозје, повеќе не постои поддршка од 60.000 денари по хектар за квалитетно грозје, а програмите за мали семејни винарии се целосно стопирани.
Ланската 2024 година е прва година кога немаше субвенции за килограм предадено винско грозје.
СДСМ секогаш ќе биде на страната на земјоделците и ќе нуди мерки не само за вреднување на нивниот труд, туку и за зголемување на домашното производство на земјоделски производи, објави Филипче .
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close