fbpx
ВестиТоп вести

Подготовки за откуп на тутунот

Годинава девет претпријатија склучија договори за откуп со тутунарите. Според законот стартот на откупот може да почне од 15-ти ноември или најдоцна до 15-ти декември, со услов предходно Министерството за земјоделство да им ги достави мострите за класите.

Според пријавените договори од деветте монополи од реколта 2017-та година, се очекува да се откупат од 24.000 до 25.000 тони суров тутун.

Тутунарите пак проценуваат дека ќе има помал род и се надеваат дека поголемата побарувачка ќе им донесе и поголема откупна цена и пореална проценка на класите.

Дали повторно ќе има трка кој ќе купи повеќе по стартот на откупот кој официјално може да почне и од 15-ти ноември или најдоцна до 15-ти декември, сe`уште е неизвесно, а не се знае и колкава ќе биде просечната цена за килограм. Лани, таа беше за 14 денари повисока од претходната односно 196 денари за измерен килограм.

Од откупните претпријатија веќе има најава дека за претстојниот откуп парите се обезбедени.

Комисијата за верификација на мострите треба да ги изготви до 13-ти идниот месец по што откупот може да почне од 15-ти ноември.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close