fbpx
ВестиТоп вести

Зошто треба да се биде член  во Зелена берза?  

Здружението за едукација на земјоделци „Зелена берза“ во рамки на својата визија да стане здружение со илјадници членови, преку списанието Зелена берза се обидува да стигне до што поголем број земјоделци. Со тоа многу информации  и совети што се од корист за земјоделците стигнуваат до нив. Пристапувањето  во здружението им нуди бројни бенефити. Оние што еднаш се зачлениле во Зелена берза, ги почувствувале поволностите и го продолжуваат своето членство.

Васко Јовановски се занимава со земјоделство. На површина од 3,5 ха одгледува тутун, пченица  и пченка. Тој е еден од оние членови кои го продолжи своето членување во здружението.

„Во Зелена берза сум член две години.  До сега  сум многу задоволен. Ги користам попустите што ми се нудат, за  моторни масла, ѓубрива, се’ што ми треба. Земам и по некоја машина  за која исто така имам попусти.  Дојдов да го продолжам членството. Информиран сум за сите активности  што ги организира Зелена берза, ми се јавуваат телефонски  и  информиран  сум за се што е ново и што се случува во земјоделието. Многу работи читам и на веб страницата и во списанието што се издава. Списанието ми го носи поштарот до дома. Во него има  многу работи корисни за нас земјоделците“, изјави  Васко Јовановски при посетата во канцеларијата на ЗЕЗ Зелена берза.

Васко  позитивно ги оцени едукативните предавања што ги организира здружението. Смета дека на тој начин земјоделоците ќе може нешто да научат, да рзаберат за новините што се случуваат. Саемите пак се одлични не само за заеднички дружби туку и за размена на искуства.

Станувајќи член на Зелена берза  за годишна членарина од 600 ден, се добиваат не само  бројни попусти и привилегии  туку се дава и можност на некој начин да се влијае во земјоделството во државата и вреднување на трудот на земјоделецот.

 

Р.З.Б.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close