Форест Фест денес и утре во Берово
Настанот, како што информираат организаторите, ќе го отвори министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Берово денес и утре ќе биде домаќин на манифестацијата „Форест Фест 2023“, што ја организира Националното здружение на сопственици на приватни шуми, со цел да се афирмира и популаризира приватното шумарство во Македонија, и е поддржана од регионалниот координатор за источен регион од Колаицијата за клима на граѓански организации.
Настанот, како што информираат организаторите, ќе го отвори министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, а во рамки на дводневните активности предвидени се многубројни забавни и атрактивни содржини.
-Првиот ден од манифестацијата ќе започне со обраќање на гостите од Словенија, Хрватска и Бугарија кои ќе одржат презентација на тема Поддршка на сопствениците на приватни шуми преку фондовите за рурален разв0ој и други национални програми и можности и програми на ЕУ. Потоа ќе следува излагање на тема Фондови за рурален развој и можностите за поддршка на националните паркови и заштитените подрачја, информираа организаторите.
На крај од денешниот прв ден како што додадоа ќе бидат донесени заклучоци за можностите за креирање на мерки за поддршка на сопствениците на приват и шуми преку програмите за поддршка во земјоделството и руралниот развој.
-Вториот ден од манифестацијата во сабота ќе биде задолжен за планинарска тура во организација на ПСК ,,Сосна”, посета на туристички локалитете за членовите на НЗСПШ, како и посета на објект за преработка на дрво-пилана, по што фестивалот Форест Фест ќе биде затворен, додадоа од Националното здружение на сопственици на приватни шуми.