Фотографија на денот: Пчелите се загрозени
Денеска е Светски ден на пчелите. Тие се едни од најважните корисни животни, но нивната заштита мора да се подобри, бара ФАО.
Светската организација за храна ФАО бара поголема заштита на пчелите. Животни кои прашат, како што се пчелите, птиците и лилјаците, придонесуваат за 35% од светската продукција на растенија. Тие прашат 87 од 115 најважни растенија за прехрана, соопшти ФАО.
Пчелите играат важна улога за зачувување на видовите, за обезбедување на преживувањето и размножувањето на голем број растенија. Но, бројот на пчелите во светот се намалува, опоменува ФАО. Тоа е последица на намалување на нивниот животен простор, промените на климата и зголемената употреба на хемикалии.
Германската еколошка организација НАБУ вчера (19.05) соопшти дека речиси половина од сите видови пчели кои се ставени на црвена листа се загрозени од изумирање или се изумрени. За да се спрчи исчезнување на пчелите, НАБУ бара уделот на површини кои не се експлоатираат да изнесува најмалку 10%. Угарите им нудат на дивите пчели важен животен простор и шанса да преживеат, се вели од НАБУ.