вестиМакедонијаТоп вести

Одговори на најчесто поставуваните прашања од страна на земјоделците

 

 Зелена берза е секогаш на страната на земјоделците. Не сакајќи да шпекулираме со информации,  најчесто поставуваните прашања во нашата редакција ги упативме до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој, еве ги одговорите што ги добивме.

1.Сточар од Струмица прашува кога ќе биде извршена исплата на субвенции за млеко за 2019 година?

Првата фаза за 2019 година е веќе исплатена. Барањата за втората  и трета фаза се во обработка.

2.Лозари од тиквешијата прашуваат кога ќе биде извршена исплата на дополнителните 2 ден за килограм предадено грозје?

Субвенциите се исплаќаат редовно.  Со редовната исплата  во екот на сезоната на лозарите и на сите земјоделци им даваме нов свеж капитал, пари  кој чесно ги заработиле и кој ќе им помогнат да покријат дел од производните трошоци кои ги имаат околу новата реколта. Грижата за навремена и неселективна исплата на субвенциите за лозарите и воопшто за земјоделците како и досега е приоритет на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој а така ќе продолжиме и во иднина. Во еден ден, без никаква селекција ги исплаќаме средатава за субвенции за земјоделците. Нашиот систем не познава и не прави поделби. Чесно заработените пари за субвенциии се исплаќаат во време кога им се најјпотребни на земјоделците.

  1. Дали има заостанати плаќања на име субвенции или дополнителни плаќања  од минатите години?

Со околу 70.000 корисници на поддршка само од директни плаќања секогаш ќе се најде по некој кој не е исплатен  заради нерасчистени долгови кон Водостопанство, кон Ј.П. Пасишта или пак кон МЗШВ за закуп на земјиште, или заради отстапки кои со контрола на терен му биле пронајдени.  Но, и тие случаи се решаваат, се информираат апликантите се раздолжуваат или пребиваат и потоа откако ќе се реши административната и законската пречка се исплаќаат. Наследивме долгови за неисплатени субвенции и ги исплативме.

Во овој период исплаќавме и сеуште исплаќаме  неисплатени субвенции за 2012, 2013, 2014, 2015 2016 година. Се разбира на сите кои правно – законски ги исполниле условите.

4.Од 2019 година кои плаќања на земјоделците  се завршени и кои остануваат за плаќање?

Сите основни мерки за сите апликанти кои правно  – законски ги исполнија условите за стекнување на финансиска поддршка во земјоделството и кои не биле должници се исплатени. Веќе се  исплаќаат и  дополнителните мерки.

5.Кои се најчестите проблеми за кои не им биле извршени исплати на земјоделци?

Најчести проблеми за неисплаќање на субвенциите се неподмирени долгови за вода кон Водостопанство, неподмирен долг за закуп на земјоделско земјиште, неподмирен доолг за пасишта кои ги имаат апликантите. Исто така има случаи и  кога оставиле  неактивни и неточни трансакциски сметки па заради тоа не може да им се исплатат средствата.  Се додека апликантите не ги платат долговите, или не достават точни и активни сметки  системот не дозволува да им се изврши исплата на средствата за субвенции или било каква поддршка која ја даваме ние како институција. Исто така проблем прават и не ажурираните податоци од страна на корисниците на финансиска поддршка во системите на АХВ, МЗШВ, како и неисплатените обврски кон институциите.

Затоа апелираме до сите земјоделци пред да аплицираат за субвенции да ги ажурираат и податоците и навремено да ги подмируваат обврските.

6. Како треба да постапат земјоделци кои сметаат дека документите им се во ред, а не добиле никакви пари?

Скоро и да нема лице кое било со комплетна документација а не добило соодветна финансиска поддршка. Сите кои ги исполнуваат законските условите се стекнале со финансиска поддршка.

Доколку има лица кои сметаат дека ги исполнуваат условите за добивање на финансиска поддршка а заради некаква пречка биле одбиени, слободно со цел сет на документи да поднесат приговор до АФПЗРРР, или лично да дојдат во Агенцијата со целокупната документација која ја имаат како доказ да се напправи увид во документацијата по што доколку било направено било каков пропуст истиот ќе биде исправен и корегиран.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се труди на сите можни начини а во рамки на законските можности да овозможи на сите кои ги исполнуваат условите да се стекнат со поддршка по било која од Програмите кои ги реализираме.

Слични написи

Back to top button
Close