Шпанците произведоа сино вино што се сервира студено

(Oвој напис е објавен на: February 27, 2017)

Шпанската винарија „Гик” произведе вино со сина боја. Станува збор за алкохолен пијалак посладок од обично вино, а потребно е да се сервира студено. Сината боја на ова вино потекнува од комбинацијата на антоцијанин (пигмент кој се наоѓа во кората на грозјето) и индиго боја за храна создадени од екстракт на билката Исатистинкторија.

shpancite proizvedoa sino vino shto se servira studeno

 

Виното е засладено со нискокалоричен вештачки засладувач, а вкусот му е сличен на белото вино.

Од винаријата „Гик” велат дека целта им е рушење на границите и создавање нешто ново.

e23ceca43773a6689d953414dc4de4a3

Веруваме во креативниот бунт. Сакаме да направиме иновативни и нови работи, да прекинеме со минатото и да инвестираме во иднината стои на нивната страница на интернет.

Blue wine.
Blue wine.

Виното во продажба е пуштено минатата година, а од винаријата имаат намера продажбата да ја прошират и на пазарот во Франција, Холандија, Велика Британија и Германија во следните неколку месеци, а планот им е да ја прошират и на територијата на САД.