Фотонапонска електрана пуштена во Ресен
„Фероинвест“ продолжува со изградба на фотонапонски електрани за клиенти, пуштена нова во Ресен
Нова фотонапонска електрана од 4 MW е пуштена во работа во близина на Ресен, изградена од ФЕРОИНВЕСТ за клиентот Лумос Груп од Ресен, објави Независен .
Електраната е изведена на благо ридско земјиште во близина на влезот на градот од страната на Преспа и е изградена во четири целини со максимална професионалност на проектантите, инженерите и техничарите на ФЕРО ИНВЕСТ и ЕМС.
Инвеститорот, ресенска фирма Лумос Груп, која инвестира во обновливи извори, е посветен на производството на чиста електрична енергија и на трендот на енергетската транзиција, а довербата за изведување на електраната му ја довери на ФЕРО ИНВЕСТ како лидер на полето на енергетиката во последните 15 години.
Феро Инвест на своите клиенти им нуди и мониторинг и одржување на нивните електрани со цел истите да произведуваат со својот максимален капацитет, како и обезбеден откуп на електричната енергија по најповолни цени.
За своите клиенти, ФЕРОИНВЕСТ почна да изведува и батерии, преку кои се постигнува оптимално искористување на вишоците произведена електрична енергија од фотоволтаици.