Гавазова – „Како дете работев земјоделие и мислам дека тука е тајната за побрзо да се вратам во кондиција“: Интервју со Сузана Гавазова
Интервју со Сузана Гавазова
Фолк – пејачката Сузана Гавазова важи за една од најзгодните македонски пејачки, таа е посветена сопруга, мајка и одлична домаќинка.
Една од ретките која на себе нема направено естетска корекција, на неа се е генетика и мајка природа. Вели дека стареењето е природен процес и тоа не сака да го менува, но го одржува со позитивен дух, здрава исхрана, спорт и мирен живот.
ЖМ: Важите за една од најубавите жени на македонската музичка сцена, одлично изгледате во секоја прилика. Постои ли тајна како одржувате фит изглед?
– Подвижноста е неопходна за човекот во текот на целиот живот. Како дете бев многу активна. Исто така работев земјоделие и мислам дека тука е тајната за мојата кондиција и да изгледам така како што изгледам.А тоа ми помага да го забавам процесот на стареење.
Со здрава исхрана и со физички вежби и спорт до здраво тело и здрав дух, а со тоа се подмладувам.
ЖМ: Многу пати досега сте изјавиле дека сè што поседувате на вас е природно, но дали сте размислувале за некаква естетска корекција, или пак сметате дека стареењето е природен процес кој си има своја убавина?
– Немам ништо против естетска хирургија, но сега за сега не би сакала ништо да менувам, ниту да додавам кај себе. Процесот на стареење би сакала да го забавам само со убави мисли, здрава исхрана, мирен живот и спорт.
Целото интервју на следниот линк https://zenskimagazin.mk/