fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Германија моли за работници: Угостителите бараат итен увоз на работна сила

Германските ресторани сега бараат од владата итно да ја олесни имиграцијата на квалификувани работници.

Угостителската индустрија практично се затвори за време на пандемијата во 2020 година, а во 12-те месеци од јуни истата година, повеќе од 10 проценти од работната сила во индустријата најде работа на друго место.

Поголемиот дел од нив отиде во малопродажните синџири. Германските ресторани сега бараат од владата итно да ја олесни имиграцијата на квалификувани работници.

Пандемијата и заклучувањата силно ја погодија угостителската индустрија и многу поранешни работници избегаа од индустријата во трговија и услуги, соопшти во понеделникот Германскиот институт за економски прашања (IW), цитирајќи своја студија. Имено, од 2020 година угостителството го напуштиле 216.000 луѓе.

Од нив околу 35.000 се вработени во трговските синџири, со почетна плата од најмалку 14 евра на час. Други 27.000 се преселиле во транспортот и логистиката, често правејќи услуги како што се испорака, а исто толку нашле канцелариска работа.

Во исто време, не само оние кои работеа во угостителството ја напуштија угостителската индустрија: во 12-те месеци од јуни 2020 до јуни 2021 година, речиси 60.000 вработени со полно работно време, односно 10,3 отсто од работната сила во индустријата, ги сменија работните места.https://nezavisen.mk/germanija-moli-za-rabotnici-ugostitelite-baraat-iten-uvoz-na-rabotna-sila/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close