fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Зголемени субвенции за сточарите, ама не и откупната цена на млекото

Преку Интервентиот фонд е воведена интервентна субвенција во износ од 5,5 денари за кравјо млеко произведено и предадено во преработувачки капацитети во периодот од јануари  до април 2022 година, со која на млекопороизводителите им се помага полесно да ја надминат економската криза.

МЗШВ презеде низа мерки за поддршка на сточарите, како што е новата Програма за директни плаќања ги зголемивме субвенциите во сточарството, вели министерот Љупчо Николовски.

Ја зголемивме поддршката за грло говеда од 2.800 на 3.100 денари по грло и исто така ја зголемивме и субвенцијата кај обележани грла овци од 1000 на 1200 денари. Оваа година за прв пат воведовме дополнителна субвенција за квалитет на млеко. Производителите на кравјо млеко кои произведуваат млеко со екстра класа добиваа поддршка од 3,5 денари по литар, од сега ќе добиваат 4,5 денари по литар. Поддршката за овчо и козјо млеко исто така ја зголемивме од 4,5 денари по литар на 5,5 денари по литар млеко. На овој начин се стимулираат производителите на млеко да произведуваат квалитетно млеко, што  ќе влијае на зголемување на откупната цена на млекото, додаде министерот.

Тој потенцира дека во услови на економска криза, преку Интервентиот фонд е воведена интервентна субвенција во износ од 5,5 денари за кравјо млеко произведено и предадено во преработувачки капацитети во периодот од јануари  до април 2022 година, со која на млекопороизводителите им се помага полесно да ја надминат економската криза.

– Како еден од главните параметри за успешност во производството на млеко и млечните производи е избирање на вистинските млечни раси. Ова е година на историски највисока набавка на високопедигрирани грла добиток, со висок генетски потенцијал. Сточниот фонд ќе се обнови со високомлечни раси. Со тоа ќе имаме и зголемено производство на млеко. Потпишани се договори со 103 баратели кои ќе бидат поддржани со вкупна сума од над 253 милиони денари со кои сточарите ќе можат да набават вкупно 3842 грла високопедигриран добиток. За сточарите е особено важно да имаат доволно сточна храна. За таа цел, во подготовка се и нови јавни повици за закуп на државно земјоделско земјиште над 3 ха, од кои едниот ќе биде наменет за одгледување на сточна храна, истакна Николовски.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close