Годинава родот на пиперката ајварка ќе биде помал за 20 отсто
Популарната и позната македонска црвена пиперка, таканаречена ајварка, годинава ќе ја има за 20 отсто помалку од минатата.
Пиперки за ајвар за домашниот пазар ке има доволно но проблем со намалениот род може да имаат конзервните фабрики. Црвената пиперка ајварка која се одгледува во речиси сите производни региони годинава поради неповолните климатски услови се проценува дека ќе ја има за околу 20% помалку и во однос на количините но ќе има и намален квалитетот. Токму заради намалените приноси и квалитет земјдоелците стравуваат дека ќе земат помалку пари од своето производство. Во министерствот за земјоделство минатата недела се договирија минималните откупни цени под кои не треба да се врши откупот годинава. За прва класа цената е 40 денари за мешано прва и втор а 30 , за втора класа 20 и трета класа 12 денари, објави kanal5.com.mk
„Откупувачите и преработувачите се согласија дека ќе се придржуваат до договорените цени во текот на целиот откуп, но во согласност на побарувачката истите имаат тенденција да се зголемуваат за што Државниот инспекторат за земјоделство ќе биде постојано на терен и ќе се грижи за да се запази динамиката и откупните цени на црвената пиперка.“ напиша на својот фејсбук профил министерот за земјоделство Цветановски.
Земјоделците очекуваат помош од одржавата и годинава за да се надополни разликата во цена при откупот.
Црвената пиперка ајварка е една од главните суровини за конзервните фабрики а дел од пиперките одат и за извоз за кој во моментов се плаќа од 50 до 55 денари за килограм но колку повеќе пиепрки се откупат од домашните преработувачи толку е поголем бенефитот за државата од производите со додадена вредност кои тие ги извезуваат.