Голак – специфична планина со неоткриен потенцијал (репортажа)
Планината Голак иако не е голема на територија изобилува со голем број печурки и растетелен свет.
Планините во Источна Македонија изобилуваат со свои специфики препознтливи за населението. Една од тие планини е и планината Голак над Делчево. Планина која изобилува со голем потенцијал за развој на планинарски спортови, но и место во кое некогаш свратуваа туристи, не само од С Македонија туку и од просторите на поранешна Југославија. За таквите специфики не постои подобар соговорник од самите планинари.
Делчевскиот планинар Љупчо Чучуковски кој е и единствениот лиценциран планинарски водич на крајниот Исток со голема љубов и жар раскажува за богаството со кое располага делчевската планинска убавица.
– Планината Голак на некој начин си има своја специфика, како по флората и фауната, така по географската местоположба и по самиот терен. Значи од животинскиот свет на планината Голак најмногу е застапена дивата свиња, потоа волкот, лисицата, неколку видови глодари, исто така и птици, но морам да кажам дека единствено овде на планината Голак или поточно над браната Лошана, не знам од кои причини, но само таму сум видел орел, вели Чучуковски.