Агро бизнисМакедонијаТоп вести
Големи гужви пред откупниот пунк на Сокотаб во Прилеп, тутунари чекаат над 8 часа
Тутунари обвинуваат дека за на вага се влегува преку ред
Големи гужви се од ноќеска пред откупниот пункт на Сокотаб во Прилеп каде тутунари чекаат и по 8 часа за откуп.
Тутунари од Прилеп се жалат дека од 3 часот рано изутринава се пред откупниот пункт и се уште не можат да го предадат тутунот, зошто како што велат и предавањето се врши со „пријатели“ па селективно се пропуштаа тутунарите.
-Чекаме повеќе од 8 часа, и кога ќе дојдиме на ред се некој се пропушта пред нас. За се се фаќаат пријатели, се жали тутунар за Зелена берза.