Ѓорги Каракашев во одбрана на македонската зелка, вели земјоделците ги почитуваат стандардите за исправност и безбедност на храната
Бидете убедени дека за среќа се уште јадеме здрави и безбедни домашни земјоделски производи, вели Каракашев
Ѓорги Каракашев претседател на Националната земјоделска мрежа испрати реакција до Зелена берза во врска со информацијата дека на хрватската граница било констатирано дека во зелка од Македонија што требало да се увезе имало присуство на забранетиот пестицид „Имидаклоприд“.
Каракашев реагира – Во македонската зелка пронајдени недозволени пестициди штетни по здравјето на луѓето!
Бомбастичен наслов ударна вест почитувани!
Се прашуваме во чија полза и на чија штета и со каква цел е е ова информација. Како Национална земјоделска мрежа и како индивидуални земјоделци – производители на храна секогаш сме и остануваме доследни поддржувачи за најдоследна примена на стандардите за исправност и безбедност на храната и најстрого ги осудуваме поединечните обиди за злоупотреба врз сметка на здравјето на граѓаните.
Во ова прилика изразуваме јавно незадоволство и осуда од начинот и непрофесионалноста на објавувањето на веста од причина што кај граѓаните се стекнува впечаток дека домашното земјоделско производство е под висок ризик за здравјето на потрошувачите и со самото тоа се ствара несигурност и недоверба. Како земјоделци и производители на храна јавно укажуваме дека македонските земјоделски производи се здравствено исправни и безбедни и дека ги задоволуваат највисоките стандарди за безбедност на храната што се докажува со непречениот извоз на надворешни пазари кои подлежат на најригорозни контроли и стандарди. Ги замолуваме граганите да не подлегнуваат на вакви бомбастични текстови со што се нанесува директна штета на и така десеткуваното домашно производство на храна Бидете убедени дека за среќа се уште јадеме здрави и безбедни домашни земјоделски производи.