fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Малишиќ-Лани ја плативме пченицата по 23 денари за кг., цена по која сега се увезува српското брашно

Тоа значи дека ние брашното го продаваме по дисконтна цена и трпиме загуби. Дневно секоја мелница, ако произведува брашно, произведува и загуба од 2 до 3 милиони денари.

Од Здружението на мелничари, пак, веќе кажаа дека работат со намален интензитет и со скапи репроматеријали и немаат пари да платат нов откуп или увоз на пченица.

– Не можеме да бараме нови кредити кај банките за да платиме нов увоз или откуп. Работиме со скапи резерви на пченица. Лани ја плативме пченицата по 23 денари за килограм, цена по која сега се увезува српското брашно. Тоа значи дека ние брашното го продаваме по дисконтна цена и трпиме загуби. Дневно секоја мелница, ако произведува брашно, произведува и загуба од 2 до 3 милиони денари. Затоа и неколкуте мелници кои останаа на пазарот веќе размислуваат да го намалат производството и не знаат што да прават со вработените, бидејќи за нив треба да се обезбедат плати – изјави неодамна за Плусинфо Горан Малишиќ, претседател на Здружението на мелничко-пекарската индустрија во Стопанската комора.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close