fbpx
ВестиТоп вести

ИПАРД програмата можност за економски развој на општините

Во очекување на објавата на Повикот за користење на европски пари преку ИПАРД 2 програмата,  Регионалната  стопанска комора со седиште во Штип во соработка со општина Карбинци  организираше информативен настан  на тема „ИПАРД 2 – Европски пари за агробизнисите“. Настанот опфати информации за прифатливи инвестиции, критериуми, потребни документи за поднесување на барања, склучување на договори, поднесување барања за исплата. Се дискутираше за потенцијални инвестициски потреби, проблеми во комплетирање  на документи како и најчести грешки што се прават при аплицирање.

Од страна на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството присутните земјоделци  беа информирани за новините што ќе ги донесе новата програма. Една од новините е промена  во износите на кофинансирање. За разлика од претходниот оглас кога конфинасирањето беше 50%, сега процентот е зголемен и почнува 60% и 70%.

„Внесени се некои нови култури како можност за апликација како што се житните култури, фуражните култури,а  има промени и  во делот на сточарстрвото. Внесени се опциите за финансирање на производство на јајца, тов на добиток, некои промени на површините и потребата од минимални  предуслови за аплицирање и во делот на сточарството и во делот на ситното производство.  Тоа значи дека  има поместување на границите, има некои правила околу тоа колкава површина треба да има земјоделското стопанство за да може да аплицира за трактор, колку површина да се располага за друга приклучна механизација“, објаснува за Зелена берза Илчо Маролов советник во АПРЗ.

Генерално промените се на подобро, но сепак има проблеми што се провлекуваат наназад со години и за жал нивното решавање оди споро. Станува збор за проблеми поврзани со активности на министерствата во Скопје.

„Проблемите се со градежните дозволи и урбанистичките планови во општините, обезбедување на потребните стандарди, решенија за користење на различни концесии за вода итн.  Тие се главно   проблеми што најчесто зависат од министерствата во Скопје како што е Министерството за животна средина и просторно планирање, за урбанизам…“,посочува Маролов.

Обемната документација и стравот дека нема да успее, во тоа е причината за што Јорданчо Тонев, земјоделец  од Штип до сега воопшто не аплицирал за користење на средства по некоја од мерките во ИПАРД.

„Сум заинтересиран, сакам да аплицирам за механизација , приклучни машини се што ни е потребно околу земјоделието. Не аплицирав до сега оти документски ми е премногу, се плашам од папирологија дека нема да обезбедам се’ што треба. Не знаев дека има консултанстки куќи , дека можам со некој да се консултирам, дека е можно  некој да ми помогне, по разговорот што го слушнавме, па можеби ќе успееме понатаму,“ вели Јорданчо.

„Општина Карбинци ќе им излезе во пресрет на потребите на земјоделците.  Слушнвме повеќе агенции,  повеќе фактори кои ќе влијаат во олеснувањето до информации, вклучително и Зелена берза.  На  оваа работилница  се презентираа сите мерки од ИПАРД 2 програмата, беа презентирани  условите,  беше објаснето сликовито како се аплицира и  сето тоа на некој начин ќе доведе  до еден поттик за развојот во општина Карбинци“, изјави за Зелена берза, градоначалникот на општина Карбинци Јордан Насев, по зваршувањето на инфо настанот.

Павлина Јовановска

Зелена берза

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close