fbpx
Вести

Градинарите бараат на терен да се види што и колку се сади

sadenje

Невообичаено високите температури за овој период од годината ги поместија сеидбените рокови во градинарството.

Наместо по 20 јануари, пролетната зелка интензивно се сади од ноември, а не е исклучено идниот месец да почне и садењето на доматот, пиперот, краставицата, младиот компир, чиј вообичаен рок е средината или крајот на март.

– Времето е идеално за пролетната зелка. Затоа почнавме со засадување пред време, кон крајот на ноември, почетокот на декември, иако оваа култура обично се сади по 20 јануари. Ако продолжи ваквото време, со темепратури над нулата, нема да биде изненадување по 20 февруари да почне и засадување на доматот, пиперот, краставицата, младиот компир,…, кои обично се садат од 15 до 20 март, вели за МИА претседателот на синдикатот на земјоделци од струмичкиот регион Ристо Велков.

Тој апелира надлежните институции да излезат на терен, да се информираат што и колку се сади за ако има потреба, да преземат соодветни и навремени мерки.

– Време е тие што се горе во канцелариите, да излезат на терен и да видат што се случува. Околу 60 отсто од пролетната зелка е засадена, но никој од надлежните не знае на колкава површина. Земјоделецот повторно останува во неизвесност по која цена ќе го пласира производството. Можеби ќе има потреба од интервентен откуп или од заштита на домашното производство преку намалување на увозот во период на најинтензивни берби, истакнува Велков.

Во  Струмичко се очекуваат  најмалку 50.000 тони пролетна зелка, а реалната откупна цена, според Велков, би била 20 денари за килограм. /МИА


 

kanal5.com.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close