fbpx
Вести

Казни за три струмички фирми

Три струмички фирми што се занимаваат со откуп на земјоделски производи заработија казни од 6.000 до 8.000 евра заради констатирани отстапки во поглед на истакнување и спроведување на законот за неделни откупни цени.

kazni za tri strumichki firmi

 

Од државниот земјоделски инспекторат информираа дека контролите во наредниот период ке зачестат заради откупот на црвената пиперка.

– Казната за отстапување од неделната цена беше од 6.000 до 8.000 евра, во зависност од големината на компанијата, и дополнително 30 отсто за одговорното лице, односно правното лице или компанијата – изајви  Цветан Трипуновски, директор на Земјоделскиот инспекторат.

Земјоделците велат дека има отстапување од неделната договорена цена на градинарски производи кај откупувачите. Тие велат дека се случувало, пред да истече неделниот рок, цените да се намалуваат за неколку денари, па дури и на половина. Така, екстра-класата од црвената пиперка „куртовска капија“ се откупува по цена од 23 денари килограм, првата класа за 16 денари и втората класа за 8 денари.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close