fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

15 см снег во Крушево, нови врнежи од дожд и снег низ целата држава

До понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег.

СНЕЖНА ПОКРИВКА во 7 часот (во см)
17 Ѓуриште, 15 Крушево, 12 Тополчани, 10 Маврови Анови, 8 Претор, 7 Попова Шапка, 6 Берово, 5 Битола, 4 Прилеп, Штип, Пожаране, 3 Дебар, 1 Д.Капија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ЗА ИЗМИНАТИТЕ 24 ЧАСА до 7 часот (во л/м2)
24 Претор, 22 Гевгелија, 21 Струмица, 20 Дојран, 19 Берово, 17 Штип, 16 Битола, Тополчани, 15 Д.Капија, Ѓуриште, 14 Крушево, 13 Маврово, 11 Прилеп, Пожаране, 10 Тетово, Виница, 9 Попова Шапка, 8 Скопје Зајчев Рид, 7 Дебар, 6 Куманово, К.Паланка, 5 Охрид.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-7 Попова Шапка, -4 Маврово, Крушево, -1 Дебар, 0 Скопје-Петровец, Тетово, Берово, Крива Паланка, Охрид, Претор, Битола, Штип, Куманово, Прилеп, Демир Капија, Струмица, 1 Скопје Зајчев Рид, 2 Дојран, Гевгелија.
Под влијание на влажен и студен воздушен бран од денес до понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено во ноќните и утринските часови. Пообилни врнежи ќе има недела  и во текот на ноќта кон понеделник (локално во западните и северните делови над 30 л/м2). До крајот на денот во понеделник на планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а нова од околу 15 см ќе има и речиси насекаде во западните и североисточните делови. Мала снежна покривка до околу 5 см ќе се формира и во Скопската Котлина.
Од понеделник до среда ќе дува повремено силен ветер од северен правец (локално и над 60 км/час).
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close