fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Градоначалник на италијански остров подарува кози, оти многу се намножиле

Козите уништуваат градини и дворови, рушат делови од камени ѕидови, па дури и влегуваат во куќи, пренесува Гардијан.

Властите на италијанскиот остров Аликуди нудат кози како подарок на секој што ќе се пријави, поради проблемот предизвикан од бројот на овие животни.

За секој човек на тој остров во близина на Сицилија има шест кози, што е проблем бидејќи тие веќе не се само во планините, туку и во населено место каде што го оштетуваат зеленилото, уништуваат градини и дворови, рушат делови од камени ѕидови, па дури и влегуваат во куќи, пренесува Гардијан.

„Апсолутно не сакаме ниту да размислуваме за убивање на тие животни“, рече градоначалникот на островот, Рикардо Гуло, и затоа „секој може да побара коза, тој не мора да биде фармер и нема ограничувања за бројот“.

До 10 април може да се поднесуваат барања за кози од овој остров од пет квадратни километри и со популација на кози од 800, пренесува Независен .

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close