fbpx
Агро бизнисБез категорија

Вучиќ објави: Данка е убиена – уапсени две лица кои признале

Овој случај го крена на нозе целиот регион, поради тоа што во многу нешто ги потсети неговите жители на судбината на Вања Ѓорческа од Скопје. 

Полицијата уапсила две лица кои го извршиле убиството на малата Данка Илиќ, кои го признала делото, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Имаме лоши вести за Данка… Полицијата уапси две лица кои ако добро разбирам ја убиле малата Данка. Како што разбрав, тие го признаа делото“, рече Вучиќ и додаде дека ја водат полицијата до местото каде што го фрлиле телото.

„Со какви чудовишта си имаме работа. Сега одат до местото каде што го фрлиле телото на детето“, рече Вучиќ. „Имаме ли повеќе детали? Ако немаме, останатото ќе го заврши полицијата. Благодарам на полицијата за сѐ“, рече Вучиќ на вонредната седница на владата.

Овој случај го крена на нозе целиот регион, поради тоа што во многу нешто ги потсети неговите жители на судбината на Вања Ѓорческа од Скопје.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close