fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Граѓани и натаму добиваат двојни исплати на МојДДВ, кои потоа треба да ги враќаат

Граѓаните се збунети, бидејќи УЈП сè уште нема воведено стандардна процедура што може граѓанинот да направи во ваков случај, веднаш штом ги добие парите на својата трансакциска сметка.

Граѓани на социјалните мрежи реагираат дека и во тековниот циклус добиваат двојни исплати преку системот МојДДВ од Управата за јавни приходи.

Граѓаните се збунети, бидејќи УЈП сè уште нема воведено стандардна процедура што може граѓанинот да направи во ваков случај, веднаш штом ги добие парите на својата трансакциска сметка.  Останува УЈП да евидентира дека е направена грешка и да ви испрати порака на мејлот со кој сте регистрирани на системот, со инструкции како да ги вратите парите, или истата сума да ви биде одбиена од следната исплата на МојДДВ за следното тримесечје.

„Мој ДДВ вторпат по грешка ми е исплатен, а потоа преку мејл ме известија дека треба да го вратам назад со пополнување на уплатница во банка, а за провизија требаше да платам 13 денари“, реагира еден од многуте граѓани.

Инаку во февруари имаше граѓани кои добија поврат по два пати. Дел од нив ги вратиле парите, на осатнатите ќе им биде задржан износот сега.

„Граѓаните на кои во февруари им се исплати поголем износ, ги вратија уплатените средства, а на оние граѓани кои не ги вратија ќе им биде задржан износот за поврат кој го очекуваат се` до целосна наплата на повеќе исплатениот износ, велат од УЈП.https://faktor.mk/gragjani-i-natamu-dobivaat-dvojni-isplati-na-mojddv-koi-potoa-treba-da-gi-vrakjaat

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close