Во струшкото одделение на Агенцијата за земјоделство, 21 апликација за ИПАРД

(Oвој напис е објавен на: February 7, 2017)

За користење на финансиски средства за земјоделска механизација преку ИПАРД програмата, каде земјоделците добиваат повратни средства од 50 до 75 проценти, во Подрачното одделение на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството во Струга аплицирале 21 земјоделец, информира Слаѓана Кајаџиеска-Бебекоска, советник во Агенцијата.

ipard

Агенцијата, посочи таа, нуди разни програми за субвенционирање на земјоделците и ги запознава со условите за искористување на овие мерки и програми.

–  Струшките земјоделци најмногу се интересираат за набавка на земјоделска механизација и опрема за која може да им бидат вратени 50 проценти од инвестираните средства, а во некои случаи дури до 75 проценти. На последнитот оглас преку струшката канцеларија на Агенцијата аплицирале 21 барател и во тек е одобрување на овие барања. На 11 од апликантите веќе им е одобрено, а очекуваме позитивно решение и за останатите бидејќи нивното барање е комплетно, изјави Кајаџиеска-Бебекоска.

Zemjodelie

Советниците од Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството, како што истакна, им нудат помош за пополнување на барањата за аплицирање и исплата на финансиските средства од програмите што ги користат.

–  Даваме совети и за соодветна и правилна примена на агротехника на земјоделските, полјоделските и фуражните култури и овоштарството за правилен избор на семенски материјали, ѓубрива употреба на пестицидите. На сточарите за правилна исхрана и чување на добитокот, соодветна хигиена и складирање на ѓубрето. Со цел заштита на околината од негативното влијание на штетнците, рече Кајаџиеска-Бебекоска.

За да биде поблиску до граѓаните, Агенцијата има и дисперзирана канцеларија во селото Драслаица, каде секој четврток одат советници и им нудат помош на жителите од ова, но и од околните села.