fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Гравот го снема од маркетите, до него само преку врски!

Веќе еден месец и гравот тешко се наоѓа во маркетите, граѓаните велат дека мора да се снаоѓаат и да купуваат во конзерви, од познати производители, преку пријатели.... На пазарите пак на некои тезги каде што го има се продава над 100 денари, пазарџиите велат дека е невозможно да го продаваат по 95 денари кога набавната цена им е повисока

Секој ден снемува по некој производ од полиците во маркетите. Освен овошје и зеленчук во маркетите не може да се најде ни грав. Граѓаните велат дека во маркети го нема од пред месец дена, а на зелените пазари понудата е намалена. На оние тезги каде што го има цената е повисока од 95 денари за килограм колку што треба да изнесува според одлуката на Владата. Пазарџиите велат дека е невозможно да се придржуваат на владината одлука, бидејќи набавните цени на одредени производи, меѓу кои и на гравот се повисоки од цените по кои треба да ги продаваат.

Во маркетите велат дека немаат грав веќе месец дена откако му се замрзна цената. Нема рефус, но нема ниту пакуван. На полиците каде што претходно стоеше до оризот го нема, а на негово место има повеќе видови на ориз.

-Имаме нарачано, но не знам што е работата. Грав немаме веќе еден месец  откако цената му се замрзна на 95 денари за килограм. Во текот на еден месец само еднаш добивме увозен грав кој веднаш се распродаде, велат во еден скопски маркет.

И на зелените пазари трговците објаснуваат дека проблем со гравот е што набавната цена е повисока па не се исплати да го продаваш по цена од 95 денари за килограм, бидејќи така само може да влеземе во загуба. На пазарите грав може да се најде, но по цена од над 100 денари за килограм.

Граѓаните се жалат дека се принудени да одат од маркет до маркет за да најдат грав. Некои кои не си набавиле од претходно си купуваат и во конзерви.

-Откако му замрзна цената во повеќето маркети гравот го снема. Покрај домашниот тетовски грав, кој одамна го нема ниту на пазар од каде што претходно го купувавме, сега го нема и увезениот грав од Киргистан, Пакистан, Бангладеш… Купив во конзерва, што да правам кога на сите во семејството им е омилен ручек, вели една купувачка во маркет.

И друг револтиран граѓанин вели дека повеќе од една недела бара грав по маркетите, но го нема. Вели дека ги проверил и локалните продавници кои обично имаат резерви и каде му даваат со врски, но и таму не можел да најде.

-Освен овошјето и зеленчукот сега го нема ни гравот, а ние Македонците сме навикнати на грав. Кај нас во семејството барем еднаш неделно, обично во петок  се готви грав. Не знам што ќе се прави ова со цениве и со снемувањето на производи веќе е хаотично. Секој ден снемува по некој производ, вели еден скопјанец.

Дел од граѓаните навреме си обезбедиле поголемо количество грав од познати производители, но има и такви кои го купуваат од Грција. Една скопјанка, која често патува во Грција, вели дека покрај тоа што е поевтин, е многу вкусен и брзо се вари.

Инаку, по еден месец, откако стапи на сила Одлуката за замрзнати цена која се однесуваше и на гравот, Државниот пазарен инспекторат откри над 300 тона грав кој се чувал во магацините и не се пуштал во продажба.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close