вестиВино

Гроздовиот маџун се трошел како алва пред појавата на шеќерот

Иако последниве две-три децении кратовскиот регион го загуби статусот на лозарски крај, сепак надалеку се познати прочуеното кратовско вино и гроздовиот маџун, кои се правеле во домашните визби во секоја домаќинска куќа. За тоа говори и фактот дека во кратовската куќа во комплексот „Македонско село” во Нерези не е сместен ниту еден стар занает, какви што имало десетици во Кратово, туку винарска визба за правење домашно вино. На денот кога македонските лозари го слават својот заштитник, маченикот св. Трифун, кратовските лозари и љубители на црвената капка излегоа масовно на лозјата да ги закројат лозите и да благословат богат род. Во месноста Рашковац, на половина километар од градот, 72-годишниот лозар Доде Додев редовно го изведува ритуалот на закројување.

grozdoviot madzun se troshel kako alva pred pojavata na shekjerot

 

– Според кажувањата на нашите дедовци, токму во Рашковац постоеле родни лозја, кои давале многу квалитетно грозје. Тоа било причината овде да се насели богат турски бег, кој бил љубител на виното и на гроздовиот маџун. Нашите прадедовци за потребите на турскиот бег изделкале голем резервоар во една огромна карпа, во кој го ставале грозјето. Во долниот дел на каменот отвориле мал процеп, низ кој точеле квалитетно вино. Особено познат бил кратовскиот гроздов маџун од сортата „кратошија”, кој надалеку бил баран се до појавата на белиот индустриски шеќер, кажува стариот винар.

Тој со жалење заклучи дека Кратово веќе не е лозарски крај. Младите ги запустија лозјата, а и оние што останаа не раѓаат толку колку што раѓале во минатото.

– Нема повкусно и подобро вино од она што е произведено во домашни услови, од стари автохтони coрти. Денес младите повеќе милуваат без труд да си купат вино и ракија во дуќаните, на тој начин уништувајќи една стара прекрасна традиција на произведување вино и ракија во домашните визби – заклучи Додев.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close