fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаМлад земјоделецРурален туризамРурална ЖенаТоп вести

Ѓулшен Таири-нашата земјоделка хероина од преспанското село Крани

Ѓулшен чува 130 овци, производство на јаболка на 2 хектари и градинарство

Ѓулшен Таири е млада жена земјоделец од преспанското село Крани. Таа е и мајка и сопруга и домаќинка и успеша земјоделка, жена хероина која целосно го обезбедува семејството и топлиот дом.

Нашата Ѓулшен вели дека не е лесно да се исполнува мисијата на мајка, не е лесно ниту со своја пот и труд да храниш семејство. Замислете тогаш, како изгледаат двете во едно – во исто време да растеш дете и да растеш плод, и да ги созреваш од капка до нешто вредно за восхит.

Нема достапен опис.

„Се занимавам со овчарство, производство на јаболка и градинарство. Одгледувам и 130 овци од кои произведуваме сирење за домашна употреба, а млекото го даваме на откуп. Одгледувам јаболка на површина од 2 хектари. Имам и земјоделско земјиште под закуп каде произведувам сточна храна. Регистрирана сум како земјоделка според ПИОМ и мал оператор за производство на храна и моите производи ги продавам на локален пазар и во Скопје.“. Голем проблем ни е сезонската работна сила која ја нема и е многу скапа, 25 евра е дневницата и некогаш ни се случува дома да немаме пари ниту леб да си купиме. Прво гледаме да ги покриеме трошоците за производство, храна за стоката, да се плати струја, работници, патни трошоци, а потоа да гледаме за дома. Децата ни помагаат, гледаме и нив да ги едуцираме да работат земја, затоа што тоа  ни е единствениот извор на егзистенција во семејството. И учат и работат. Дали државата знае колку многу труд и жртвувања прави едно земјоделско семејство. Ако не ни помагаат децата, тешко се издржува, нема да успееме со мажот ми сами. Многу е тежок земјоделскиокт пат, но, нема враќање, земјата е силата и моја и на семејството. Напредуваме со вложување од петни жили, но, и државата би било добро да ја сфати положбата на жената земјоделка и да вложи повеќе во напредокот и сигурноста на семејното земјоделство“, кажува Ѓулшен.

Нема достапен опис.

Ѓулшен својата борба ја води од селото Крани во сликовитиот преспански крај. Таа е моторот на семејството, на егзистенцијата, мотивот да се истрае, да се издржи макотрпната работа, да се вложува труд, обезбеди храна, згора на тоа целосно посветена на семјството, децата, нивната едукација, но исто така и нејзината Затоа што, како што вели Ѓулшен – „За да напредуваш, мора да се едуцираш и да ги поврзуваш ситуациите и контактите, да си присутен и на полето и во конекција со новините кои секојдневно ги носи денот во земјоделството. Само на тој начин, државата може да те препознае и да даде се од себе за доброто на земјоделките,  државата мора да стане свесна колку многу и е потребна поддршката на жената земјоделка. Да и се обезбеди сигурност, затоа што таа го заслужува тоа“, вели Ѓулшен во разговор за Зелена берза.

Анета Блажевска sinpeks-shop.mk

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close