fbpx
ВестиМакедонија

Густа магла на Плетвар и Ѓавато, намалена видливоста од 20-50 метри

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Намалена видливост поради магла има на планинските превои Ѓавато до 50 м и Плетвар 20 – 30 м.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close