Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Хоџа даде отчет за наводно потрошените 22 илјади евра
Навредлива и пред се неточна информација вели Хоџа во врска со трошоците кои наводно сум ги направил од почетокот на мојот мандат.
Во текот на вчерашниот ден, од страна на неколку медиуми беше пласирана навредлива и пред се неточна информација, во врска со трошоците кои наводно сум ги направил од почетокот на мојот мандат. Најостро ги демантирам ваквите невистини, кои се пласирани со цел да ми се наштети на угледот и да се обезвреднат постигнатите резултати од моето работење, вели министерот за земјоделско Арјанит Хоџа.
-Како доказ дека изнесените информации за наводно потрошени 22 илјади евра од почетокот на мојот мандат, се груба, недолична и безобразно конструирана лага, до сите медиуми денеска е доставен остар демант кој во прилог содржи детален шест месечен извештај за сите трошоци направени. Дополнително, во прилог се доставени и наративни извештаи од реализираните активности.
Уште еднаш, најостро ги демантирам изнесените навреди и лаги.
Ваквиот срамен чин јас го разбирам само како СТРАВ од успехот кој заедно со мојот тим го постигнавме за многу кратко време. Очигледно дека тоа некому му пречи, па се обидува преку груби невистини да ми нанесе штета не само мене како министер, туку на целиот сектор земјоделство.
Јас ќе продолжам и понатаму да работам чесно и транспарентно, пишува Хоџа.