fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Хоџа на средба со амбасадорот на Република Аргентина Н.Е. Алфредо Атанасов

Заеднички заклучок е дека нашите земји имаат потенцијал за многу поголема соработка од досегашната.

Министерот Хоџа, денеска одржа прва средба со амбасадотор на Република Аргентина Н.Е. Алфредо Атанасов.
Заеднички заклучок е дека нашите земји имаат потенцијал за многу поголема соработка од досегашната. За таа цел, во најскоро време ќе потпишеме меморандуми за билатерална соработка во областа на трговската размена на земјоделски и прехранбени производи. Досегашниот извоз на наши производи кон оваа пријателска земја е со висок капацитет за раст, особено во делот на органски производи. Во следниот период, ќе ја зголемиме трговската размена и со производи кои досега не сме ги извезувале на аргентинскиот пазар, а постои голем интерес. Министерот Хоџа и амбасадорот Атансов се согласија дека и нашиот пазар е добар потенцијал за аргентинските производи особено во делот на земјоделска механизација и производи од риба и месо.
Тоа е нашиот мотив да ја интензивираме соработката со оваа пријателска земја, што ќе придонесе кон вкупниот економски раст на државата.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close