fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Хоџа „удри“ по тутунарите-Да немаше протести немаше да има проблем

Јас апелирам да се придржуваат до договориите кои им ги даваат откупните центри, бидејќи само така може да се реши оваа работа. За се што е надвор од договореното производство повторно ќе има проблеми, а со вакви проблеми ќе губат интерес и странски инвеститори за да може да влезат во оваа гранка“, истакна Аријанит Хоџа,министер за земјоделство.

Започна откупот на околу 1,5 милиони килограми вишок на тутун. Министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа, истакна дека ќе се откупи целиот вишок на тутун, но не кажа која компанија колку вишок ќе откупи. Нагласи само дека поголемиот дел ќе го откупел државниот Тутунски Комбинат Прилеп, без да се наруши финансискиот баланс на компанијата. За целата ситуација ги обвини тутунарите кои штрајкувале. Смета дека не треба да се произведува повеќе тутун од тој што е вклучен во договорите, затоа што тоа доведувало до вакви несакани ситуации.

„Да немаше протести и запирање на откуп немаше да има потреба за вакви дополнителни нарушувања на целиот процес и притоа да се размисли за вакви инцидентни чекори што нормално го нарушуваат целиот процес. Реално ако сите се придржуваат на договорите, а тоа е мојот апел до сите и ќе биде постојано преку целата година, нема да има проблем ниту со цена, ниту со откуп, ниту со вакви ситуации со коии се занимаваме цела година. Може да се случи да произведуваат двојно помалку, а да добиваат двојно повеќе на цена, заради тоа што намалувањето на производство носи на балансирање на побарувачката и понудата. Заради тоа јас апелирам да се придржуваат до договориите кои им ги даваат откупните центри, бидејќи само така може да се реши оваа работа. За се што е надвор од договореното производство повторно ќе има проблеми, а со вакви проблеми ќе губат интерес и странски инвеститори за да може да влезат во оваа гранка“, истакна Аријанит Хоџа,министер за земјоделство.

Од новоформираните тутунски здруженија пак демантираа дека поради протестите тутунот не се откупил затоа што и додека имало штрајкови пунктовите работеле. Обвинија дека на тутунарите никој не им кажува каде да се пријавуваат за да однесат вишок на тутун. Тие собрале и списоок со околу 180 тутунарите коии имаат вишок, а не знаат што да прават понатаму.

„Тутунот не остана заради тоа што ние протестиравме, ние протестиравме и откупот си течеше непречено. Ако на ова се вадат институциите дека поради штрајковите е тутунот останат е лага. Неорганизацијата на самите институцииии доведе до сето ова. Ваков ќе повторам катастрофален откуп во Македонија немало во последните 30 години“, истакна Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија.

Тутунарите исто така побараа вишокот тутун да се откупува реално, а не само колку да се земи. Обвинија и тоа дека на тутунарите се уште не им се дадени картони за пакување на овој тутун.

Дарко Штаргоски

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close