
За многу скоро се очекува исплата на субвенциите за говедарите и овчарите, најави Стоилов
Списоците за исплата се доставени во Трезорот
Субвенциите се исплаќаат со побрза динамика за разлика од минатите години, а тоа резултира со 81 процент на исплата од програмата за 2024 година, вели директорот на АФПЗРР Илија Стоилев во емисијата „Студио 10“ на 24 ТВ.
-Со најновите налози кои се изработени во Агенцијата за многу краток период од денешното мое гостување овде во емисијата ќе бидат исплатени субвенции на задоволство на сточарите.
Бидејќи завршени се сите админитративни контроли и завршени се списоците и доставени до трезорот за мерка 2.2 во делот на говедарството. Завршена е исто така целата процедура и за мерката 11 во делот на произведено и предадено јагне во кланица ( со над 50 проценти услов). Исто и тие налози се завршени и чекаат на исплата и на задоволство на земјоделците многу брзо ќе ги добијат овие средства на трансакциски сметки, истакна директорот на АФПЗРР Илија Стоилев во емисијата „Студио 10“ на 24 ТВ.
А.Б