fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Хоџа вели дека има континуирано зголемување на бројот на пчелни семејства и одгледувалишта

Министерот Хоџа, денеска ја отвори манифестацијата „Денови на македонскиот мед“.

Пчеларењето кај нас станува се попривлечна гранка, за што говорат и податоците за континуирано зголемување на бројот на пчелни семејства и одгледувалишта. Ова претставува потврда за добрите политики на Министерството, кое својата грижа за пчеларство ја потврдува и како покровител на оваа манифестација која годинава се одржува по седумнаесетти пат.
Министерот Арјанит Хоџа упати голема благодарност до пчеларското здружение „Матица“ и до сите пчелари, затоа што не прават горди, затоа што не промовираат во светот и затоа што со својата грижа за пчелите ја чуваат планетата и животната средина.
Манифестацијата втора година по ред се одржува во пандемиски услови, па затоа министерот упати пораки со желба за добро здравје информира МЗШВ
.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close