fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Хоџа: Ценовникот на Винарската визба „Тиквеш“ е некоректен и треба да го повлече

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа по објавувањето на ценовникот  на ВВ „Тиквеш“ на својот фејсбук профил напиша дека ценовникот на винарската визба „Тиквеш“е некоректен и во спротивност на договореното на состанокот со сите винарии.

-Денес е објавен ценовник од винарската визба “Тиквеш” кој е некоректен и спротивно од тоа што првично сме го договориле на состанокот со сите винарии, во кој состанок учествуваше и преставник на винарската визба “Тиквеш”.

Договорот е овој:

* 9 денари за откуп за Смедеревка

* 11 денари за Вранец

Од државата ќе се субвенционираат индивидуалните производителите со дополнителни 4 денари со што ќе ја постигнеме ланската цена.

* 2 денари субвенција ќе помогнеме и за високосортното винско грозје.

Тоа што плус се договоривме беше како да им помогнеме и на винарските визби во делот на извоз на наливно и флаширано вино но остана само да ја утврдиме методологијата за субвенционирање на 30% на транспортот на флаширано вино односно 20% на транспортот на наливното вино.

Од ова што првично сме договорени ние немаме намера да остапиме, така да очекувам од винарската визба “Тиквеш” да го повлече овој ценовник и да постапи според договореното на заедничкиот состанок, напиша на својот ФБ профил Министерот Хоџа.

 

Слични написи

Back to top button
Close