fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Времето денес променливо облачно со локален дожд

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, особено во западните делови. Можна е и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Разладувањето на атмосферата, подпросечните дневни температури и  малите врнежи од дожд беа главна одлика и главна причина за успорување на процесите кај земјоделските култури во изминатата седмица, информираат од УХМР.

Таквото време за жал ќе продолжи и во текот на наредната седмица, со поголеми услови за нестабилност особено попладне кои можат да предизвикаат и појава на град и да причинат штети кај културите.

Ваквото разладување не е погодно за расадените култури на отворено од областа на градинарството и кај тутунопроизводството, но и кај оризопроизводството каде повисоки температури се потребни за непречено поникнување на оризот.

Вакви временски услови во овој период на интензивен развој на пчелните семејства не им се во прилог, и кај истите ќе се забележи застој, баш заради подолгиот период со вакви неповолни временски и температурни услови.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close