fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Врнежливо време за викендот

Нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, на места со поинтензивни процеси во форма на невреме со силен ветер и појава на град.

За време на викендот времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, на места со поинтензивни процеси во форма на невреме со силен ветер и појава на град.

Потоа следува сончево и топло време со мала до умерена облачност, попладне со изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови.
Претежно во источните делови процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер и појава на град. Вредноста на UV индексот изнесува 5.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close